• Fri. Nov 22nd, 2024

Од денеска слободен влез во Србија

Се укинуваат сите ограничувања за заштита од ковид-19. Од денеска слободен влез во Србија. Од полноќ престанаа да важат сите мерки коишто ги преземаше државата за домашните и странските државјани.

Тие повеќе нема да мора да приложат негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за минато боледување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Амбулантите за Ковид, пунктовите за тестирање на Ковид-19 и пунктовите за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *