Сериозен скок на цените на храната. Отако Владата вчера одлучи да не ги продолжи превентивните мерки, граѓаните утринава се разбудија со нов ценовен шок. Во маркетите веќе се испорачани производи со повисоки цени. Поскапувањето кај лебот е во просек од 5 до 7 денари. Цената на маслото пак надмина 150 денари, поскапување има и кај брашното, шеќерот, млекото, месото и оризот, јајцата.
Граѓаните се жалат цените и претходно биле високи, а сега новиот скок ќе им нанесе сериозен удар врз семејниот буџет.