• Sat. Nov 23rd, 2024

Од денеска лични карти со новото име на државата

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со издавање лични карти за граѓаните на кои ќе биде впишано новото уставно име на државата – Северна Македонија.

Со цел да се надминат проблемите со издавање нови лични карти, Владата минатата недела донесе подзаконски пропис со Законот за лични карти и Законот за јазици, со кој се овозможува непречено издавање лични карти.

Издавањето лични карти со новото име речиси два месеца е блокирано со бројни амандмани на опозицијата во Собранието, поради што сè уште не се донесени измените наЗаконот за лични документи.

Старите лични карти со натпис Република Македонија, на кои не им е истечен рокот, ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *