• Fri. Nov 22nd, 2024

Од денеска ќе започне исплатата на боледувањата и рефундациите од ФЗО

Системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) почна да работи. Според најавите, од денеска ќе почнат да се исплаќаат боледувањата и рефундациите, за утре е најавен и брифинг со директорите на ФЗО, од каде со медиумите и јавноста досега комуницираа само преку соопштенија, без ниту еднаш да излезат и да објаснат што се случува и што се презема за решавање на проблемот.

Според вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, секоја институција која што е под хибриден напад има обврска да ги информира граѓаните за заштита и враќање на податоците.

Системот на ФЗО беше хакиран на 6 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *