Од денес започнува вакцинацијата со “Астра Зенека “во Македонија
Започнува долго очекуваната масовна вакцинација на населението во Северна Македонија. Први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 77 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во специјални пунктови во здравствените домови.