• Thu. Nov 21st, 2024

Од април секој работник ќе зема минимална плата од 20.175 денари

„Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на денешниот Економско социјален совет на кој беше донесена одлуката за зголемување на минималната плата во државава.

„Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа значи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата.

Оваа одлука покажа дека со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу синдикатите, работодавците и Владата кои што сите претставници сакам да ги поздравам и дека тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните”, изјави Ковачевски.