По извршениот увид од страна на претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претставници од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, Собранието од 8 јуни ќе ги одржува пленарните седници во главната сала „Македонија”, согласно одобрениот протокол, информираат од Кабинетот на претседателот на парламентот, Талат Џафери.
Од таму додаваат дека за новинари ќе биде дозволен влез во галеријата на салата „Македонија“ во ограничен број, односно вкупно 17 претставници на медиумите ќе може да ја следат седницата од галеријата и истите ќе може да седат на означени седишта, почитувајќи соодветно растојание.
Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за новинари кои што ќе приложат доказ за извршена целосна вакцинација против Ковид-19.