Oпштините ќе добиват секоја година повеќе средства, но од 2024 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера најави предлог-измени на Законот за финансирање на општините со кои ќе се подобри нивниот фискален капацитет и ќе се зголемат приходите преку постепен раст на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход.
-Согласно проекциите со предвидените 3 отсто од данокот на личен доход средствата за општините сега изнесуваат 600 милиони денари. Дополнителните 3 отсто, согласно Фискалната стратегија и планираните приходи, во 2024 година средствата за општините ќе изнесуваат 1,562 милијарди денари, односно 781 милион денари повеќе.
По основ на дотација од ДДВ во 2024 година со 4,5 отсто предвидени се 2,8 милијарди денари, додека со 6 отсто ќе добијат 3,7 милијарди денари. Тоа е една милијарда денари повеќе. Вкупиот ефект во 2024 година ќе биде 1,7 милијарда денари повеќе пари за општините на годишно ниво, изјави Бесими.