• Sun. Nov 24th, 2024

Од 2022 година единствена работна дозвола за Македонија, Србија и Албанија

Македонија, Србија и Албанија од следната година можат да сметаат на една работна дозвола и единствен информативен систем, најави претседателот на Стопанската комора на Србија

Марко Чадеж, претседателот на Стопанската комора на Србија, на денешниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ рече дека оваа иницијатива е клучна за опстанокот на економијата и работните места во регионот и најави дека Македонија, Србија и Албанија можат да сметаат на една работна дозвола и единствен информативен систем од следната година.

„Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да изнаоѓаме начини да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде што ќе ги реализираме тие бизниси и луѓе со кои ќе ги реализираме“,изјави Чадеж.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *