• Fri. Nov 22nd, 2024

ОД 14 МАЈ ГРЦИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ ИЛИ СО ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

By

Mar 31, 2021

На 14 мај ќе се отворат границите за македонските граѓани со Грција во Дојран и Богородица, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Границите со Грција се затворени од лани на 16 март поради ковид пандемијата. Филипче кажа дека има честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а утрово разговарал со министерот за туризам.

„Во врска со мерките, ме извести дека планираат двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Тоа го земав како обврска, да видиме какви ќе бидат нашите сертификати за вакцинација со потребните кодови и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест“, најави Филипче денеска пред поликлиниката „Јане Сандански“.

Министерот додаде оти се надева дека нема нешто драстично да се случи со што ќе се влоши епидемиолошката состојба во двете земји и дека засега се останува на оваа најава од Грција.

извор:https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-14-maj-grtsija-gi-otvora-granitsite-za-makedonski-drzhavjani-so-negativen-ptsr-test-ili-so-potvrda-za-vaktsinatsija-kazha-filipche/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *