Жена на возраст од 42 г. од Дојран е жртвата што настрада во пожарот во куќа што се случи утрово во Стар Дојран. Очевидци сведочат дека чуле извици за помош, но поради непристапниот терен и силниот пламен не можеле да пристапат до куќата.
Жителите на Дојран и туристите не беа расположени да го коментираат страшниот настан, но велат дека не паметат ваква теагедија последниве години.
Со часови траеше увидот на надлежните институции, а јавен обвинител даде наредба за обдукција на телото, за да се утврди како починала жената.