Очекуваат трка за откуп тутунарските здруженија. Тие очекуваат годинава да има трка за откуп на секој лист тутун. Откупните компании годинава ќе бидат во трка за откуп на секој лист тутун. Вакви се прогнозите на тутунарските здруженија за престојната откупна сезона. Лошите климатски фактори и минатогодишната ниска откупна цена допринесоа во струмичко површините со засадени со тутун да се намалени за речиси 40 отсто. Тоа би требало да доведе до зголемувањ е на цените по кои ќе се откупува годинашниов род.
Затоа и од Федерацијата на фармери апелираат тутунарите да внимаваат и да се ориентираат спрема договорените количини кои ги склучиле со откупните компании. Само на тој начин нема да има манипалуции со цените.
И годинава жолтото злато ќе го откупуваат 8 откупни компании. Минатогодишната реколта од над 25 илјади тони беше целосно откупена по просечна цена од 120 денари за килограм. Според законските прописи годинашниот откуп треба да започне на 15 декемрви.