• Fri. Nov 22nd, 2024

Обвинети три лица со лажни ПЦР

Скопското обвинителство поднесе обвинение против три лица за фалсификување на ПЦР-тестови.

Во различни настани, на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни ПЦР-тестови за Ковид-19.

„Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица“, велат од Обвинителството.

И жители на Конче беа фатени со лажни ПЦР тестови на аеродромот „Скопје“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *