До први март тече огласот за пријавување заинтересирани лица за обуки за стекнување вештина неговател. Жители на Струмица, Радовиш и Валандово може да аплицираат за посета на часовите по кои ќе добијат верифициран сертификат.
Пријавите може да ги доставвуваат во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија: или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.