Образовните асистенти ќе може да се вработат на неопределено време. Владата вчера го утврди и текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование.
Со цел, меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.
„Со предложените измени се пропишува и полагање стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа, како и кариерно напредување на административните службеници во основните училишта“, наведува владината прес-служба.