Роберт Голоб и се обрати на јавноста по победата на парламентарните избори.
– Би сакал да ја изразам мојата поддршка за граѓанското општество, бидејќи без вас овој резултат немаше да се случи, вие бевте наша инспирација со вашата борба за слобода и правда. Ја изразуваме нашата длабока благодарност за вашата работа и борба. Верувајте, ќе ги имате моите уши и ушите на сите нас по изборите. Верувам дека нашата коалиција со вас ќе раскине со досегашната политичка практика – изјави новиот премиер на Словенија Роберт Голоб.
На прашањето дали има доволно мандати за измените што ги најави, тој одговори дека имаат доволно мандати за брзо дејствување.
– Ужасно ми е жал што не успеаја сите партии да влезат во парламентот бидејќи мислам дека различноста збогатува. Во оваа ситуација гледам дека можеме брзо да формираме влада. Ситуацијата е премногу захтевна за да може да ни дозволи да чекаме два, три месеци со првите потези. Ова не е победа, ова е јасен мандат за словенците кои очекуваат брзи потези. Бројот на освоени мандати е таков што можеме брзо да носиме одлуки, а на крајот да ја дополниме владата – рече Голоб.
Тој додаде дека очекува утре или задутре да се сретнат и да го договорат датумот на формирање влада. Тој не гледа потреба од формирање на широка влада, но ќе биде отворен за секој што сака да се приклучи на коалицијата, рече тој.