• Sat. Nov 23rd, 2024

Објавен јавен оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за лицата со ниски примања

Финансиска поддршка од 600 до 800 денари месечно за електрична енергија ќе добиваат околу 7.500 семејства со ниски примања

Објавен е јавниот оглас за доделување финансиска поддршка на лица со ниски примања во 2022 година, за која се обезбедени 60 милиони денари.

Месечната сметка за потрошена електрична енергија се намалува за 600 до 800 денари со оваа поддршка.

На овој јавен повик може се да се пријават сите оние чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето-приходот од 30.000 денари, и тоа: за самец до 15.194 денари, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство со три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет или повеќе членови до 30.000 денари.

Оваа финансиска поддршка се доделува на месечно ниво, во времетраење од 12 месеци.

Проценките говорат дека со оваа мерка ќе се опфатат над 7.500 домаќинства, а повикот за пријавување ќе биде отворен 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *