• Fri. Nov 22nd, 2024

Обилни врнежи од снег и температури до -15 степени

epa08192053 A person with a snow covered umbrella during snowfalls in Lausanne, Switzerland, 04 February 2020. Winter storm Petra reached Switzerland last night. EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Обилни врнежи од снег и температури до -15 степени. Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека денес, преку ноќта и во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Во југозападните делови снежната покривка во пониските места понекаде ќе надмине и 20 сантиметри снег. Ќе има и појава на голомразица. Утринските температурите ќе ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, пообилни претпладне во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Обилни врнежи од снег и температури до -15 степени ќе има во целиот регион.

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и студено време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Струмичани се израдуваа на првиот снег оваа зима на крајот од месец јануари годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *