• Sat. Nov 23rd, 2024

O.Ново село и Сандански од Бугарија реализираат заеднички проект за енергетска ефикасност во детските градинки

ByВане Трајков

Dec 14, 2017

Деновиве во конференциската сала на хотел „Медите“, с.Поленица, Општина Сандански се одржа првата работилница „Биди еко“ во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“ што го реализира општина Ново село од програмата Интеррег – ИПА за прекугранична соработка Р.Бугарија-Р.Македонија.

На работилницата учествуваа 20 тина деца и исто толку родители  од Р.Бугарија и Р.Македонија кои преку едукативна и интерактивна еко програма имаа можност да бидат запознаени со важноста на екологијата, но и од важноста на нивното однесување за грижата за животната средина  како и за одговорното постапување со отпадот, со цел зголемување на нивната еколошка свест и овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Работилицата беше организирана во дводневна интерактивна обука со презентации, предавања и интерактивни тест – игри за децата и родителите.

Првиот ден беа изработени мини годишни календари кои ги отсликуваа четирите годишни времиња како и корпи за селектирање на отпадоците од рециклирачки материјал, секоја од различна боја т.е. жолтата- за фрлање на отпадоци од пластика, зелената – за стакло и сина – за хартија. На крајот од денот сите отпадоци кои беа направени беа правилно фрлени секој во соодветната корпа за отпадоци.

Вториот ден, децата заедно со родителите ја истакнаа својата креативност и изработија од „неупотребливи материјали“ (прегорени сијалици, празни пластични и стаклени шишиња и др) новогодишни украси. На крајот од вториот ден работилницата заврши со еко дефиле, во кое учестувуваа и родителите и децата  кои ги презентираа претходно изработените креации од најлонски кеси, рециклирана хартија и од разни други материјали што може да се рециклираат.

Работилницата беше организирана од страна на тим од општина Сандански предводен од г-ѓа Јорданка Нонева- Златкова, Трајана Сухарева, Петја Костадинова, Снежана Николова и предавач Димитрина Лалева.

Сите реакции по завршувањето на работилницата беа позитивни, и посочуваат на тоа дека: „Низ забава полесно се учи, визуелно подолго се памети“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *