Europe House Струмица беше вистинска оаза на уметност и креативност во изминатите денови. Отворањето на најновата самостојна изложба на Соња Настовска, „Oслободени во боја” се одржа минатиот петок.
Соња Настовска дипломира на Филозофски Факултет на катедрата по Историја на Уметност и Археологија, и на Факултетот за Ликовни Уметности на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Уметничките дела ќе бидат изложени до 3 октомври. Дојдете и впуштете се на едно уметничко патување низ нејзините мисли и чувства пренесени на платно.