• Wed. Nov 27th, 2024

Oпштина Гевгелија апелира до граѓаните за заштита од пожари

Tериторијалната противпожарна  единица во  Гевгелија е целосно подготвена за дејствување и заштита од пожари, во пресрет на летната сезона.

Поради претстојните зголемени летни температури, од Општина Гевгелија апелираат до граѓаните да внимаваат при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.

           „Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мора да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, посебно при палење на сртништата, да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.

            ТППЕ- Гевгелија ги известува граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193“, стои во апелот од Општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *