Општина Василево започна со изградба на атмосферска канализација над селото. Градошорци со која ќе се спречи поплавувањето на ова населено место. За решавањето на овој проблем како што рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, ангажирано е јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ од Василево, а средствата се обезбедени од општинскиот Буџет.