Додека се изгради КОВИД-центарот во Гевгелија, пролонгиран поради проблемот со кредитот од Светската банка, одделот во кој се вршеше преглед на мигрантите во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, е преадаптиран во дневна болница за пациенти заболени од КОВИД-19 со лесна клиничка слика.
Овој пункт ќе биде наменет за пациенти на кои им е потребна инфузиона терапија. Директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, д-р Митко Крџев, во пресрет на новиот есенски бран на Корона вирусот истакна: – Додека да се направи КОВИД-центарот, најдовме алтернативно решение за пациентите со лесна клиничка слика на кои им е потребна терапија со инфузија или тестирани пациенти за кои се чекаат резултати, а покажуваат одредени симптоми, со тоа што го преградивме делот од болницата што служеше за прием и третман за мигранти и го пренаменивме во дневна болница за прием на вакви случаи. Овој дел има капацитет за 6 болнички кревети, а таму ќе работи медицинска сестра која ќе им ја следи ситуацијата на пациентите. Секој ден, позитивните пациенти ќе бидат прегледани од наш интернист и епидемилог. Кај оние пациенти што ќе им се влошува здравствената состојба, ќе бидат испратени на понатамошно лекување во клините во Скопје и Штип.
За тоа како функционира Општата болница и како се справува со работатата, Крџев истакна: – Работата во болницата функционира нормално. На Хируршкото одделение веќе се прават хируршки интервенции, Интерното одделение си работи редовно, а почна да функционира и Одделот за гинекологија во две смени поради тоа што почнаа со работа уште две наши колешки на овој оддел. Улогата на поранешниот инфектолог кој за жал го изгубивме неодамна во несреќен случај, ја надополнуваат двајца наши интернисти, докторите Патрик Мат и Блаже Чочков, кои ги водат КОВИД-пациентите