НВО со писмо до Премиерот за малите хидроцентрали. Граѓанските организации „Еко Свест“ и „Фронт 21/42“ денеска повторно му се обратија на премиерот Зоран Заев со порака да го преиспита неговиот став дека малите хидроцентрали се најеколошки извори на енергија. Екологистите се загрижени што, во услови на климатската криза во која живееме, на покачување на глобалните температури и намалување на водните ресурси во кои сè почесто се соочуваме со сушни периоди, поради изградбата на малите хидроцентрали губиме вода за пиење и вредни предели и биодиверзитет.
Еколошките здруженија сметаат дека посочувањето на малите хидроцентрали како еколошки извор на енергија, кога многу од домашните, но и меѓународните документи го докажуваат спротивното, е аларм за погрешните насоки во спроведување на зеленото сценарио на Стратегијата за енергетика.Со барање беа и Здрава котлина за промена на законот за минерални суровини.
„Оправдано што Владата во својата Програма за работа во делот на животната средина планира да воведе забрана за изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја. Но, премиерот на прес конференцијата се обрати со комплетно спротивен став, нарекувајќи ги овие проекти како „најеколошки од сите останати еколошки проекти“, велат од „Еко Свест“.Веста ја пренесе и цивил медија , односно дека Фронт 21/24:Отворено писмо до премиерот за малите хидроцентрали.
Според нив, овие контрадикторности се показател дека Владата не е свесна за сериозноста на имплементацијата на зеленото сценарио, ниту пак за потребата од трансформација на сите сектори во нашето општество за да се осигура дека енергетската транзиција ќе биде праведна за сите граѓани.
„Очекуваме поголема посветеност на државниот врв и сите надлежни инситутуции на доследно спроведување на активностите и мерките од зеленото сценарио и искрен однос кон граѓаните“, велат од „Еко Свест“.