• Fri. Nov 22nd, 2024

НПС: Осумчасовните смени на полицијата се сериозен проблем

полиција

Независниот синдикат на полицијата реагира дека на измената во работното време на полициските службеници, која се воведува во текот на енергетската криза и досегашните 12-часовни се заменуваат со осумчасовни смени е сериозен проблем и апелира министерот и директорот на БЈБ итно да го надминат.  

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, денеска на прес-конференција пред МВР појасни дека овие измени, значат дека полициските службеници кои досега требало да патуваат по 12-13 пати во текот на месецот сега треба истото да го прават 21-22 пати.

– Во ек на економска и политичка криза со цените на горивата на неколку поедицни во МВР им текна една интересна идеја смените да ги префрли од постојните на работа по осум часа на ден. Ова е сериозен проблем и прашање што уште утре, министерот преку директорот на БЈБ треба да го надминат, изјави Делчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *