• Fri. Nov 22nd, 2024

Новогодишен дочек на Градскиот плоштад во Гевгелија со локални изведувачи

 Општина Гевгелија и оваа година организира новогодишен дочек на Градскиот плоштад во Гевгелија. Граѓаните од општина Гевгелија ќе имаат можност заеднички да ја прослават Новата година на отворено, забававувајќи се со локални изведувачи. Во програмата за новогодишната забава, која ќе започне во 20:00 часот, ќе настапат: DJ Milan, Христијан Митровски, Крџев со бенд, Филип Хаџикојчев со бенд, Оливера Станковска и „Лајв бенд“.
          – Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка и културна програма. Оваа година, Општина Гевгелија повторно организира дочек за новогодишната ноќ. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните повторно ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2023 година на Градскиот плоштад во Гевгелија.
Овогодишната прослава на Градскиот плоштад се организира со локални изведувачи. Целта е новогодишниот дочек да мине во пријатен амбиент со музика за сечиј вкус, а во изведба да бидат вклучени наши афирмирани и помлади гевгелиски музичари. Ентузијазмот за афирмирање на музиката во Гевгелија е нешто што треба да го негуваме, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по повод организирањето на новогодишната ноќ во Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *