Жителите на Ново Село се подготвени за селекција на отпад. Граѓаните велат дека има волја и свест за спроведување на селекцијата, само треба поголема едукација но и опрема за да има ефект.
Еколошките здруженија велат дека Ново Село мора поинтензивно да работи на прашањето со отпадот, особено затоа што има голем број туристички дестинации и луѓе кои доаѓаат да уживат во убавините на Беласица. И од „Зелен институт“ сметаат дека општината е на добар пат и треба да се поддржува и следи процесот.
Ристоманов, советник од „Стига е“ во советот на Општина Ново Село, вели дека ова е прва фаза и дека проектот треба да биде унапреден во следниот период.
На завршниот настан присуствуваа граѓани, претставници од општината но и граѓански здруженија и се разговараше за начините како може слеекцијата во иднина целосно да се имплементира.