Високите сметки за електрична енергија бараат итни кратења на непродуктивните трошења и штедење од општините. Тројно и четирикратно повисоки сметки за електрична енергија стигнуваат на адресите на локалните самоуправи во државата. Ваквиот ценовен удар е неподнослив за буџетите и на поголемите општини, а малите кои рапсолагаат со скромни буџети се пред финансиски колапс. Општина Ново Село вели дека енормно високите сметки за електрична енергија ги натерале да набават тајмери за уличното осветлување.
Градоначалникот Божинов вели дека се размислува и за штедење на електричната енергија во вечерните часови, односно гасење на уличното осветлување во периоди кога граѓаните се прибираат дома и е намалено движењето.
Високи се сметките за електрична енергија и на сите општински јавни претприја. Тие се обратија преку здружението АДКОМ со конкретни барања до држаата да интервенира затоа што се пред банкрот.