Непрописно паркирање на магистралниот пат до Бугарија што минува низ Ново Село и решавање на проблемот со паркинг местата во централниот дел, особено вопазарен ден. Ова се приоритетите на кои ќе се фокусира новоформираниот совет за превенција во општина Ново Село. Градоначалникот Божинов вели дека ќе ги насочат капацитетите да се спречат несакани послеици од лошото паркирање.
Освен централниот дел, проблематични се и други улици каде се создава метеж поради непрописно паркирани возила.
Целта на Локалниот совет за превенција e подобрување на јавната безбедност на подрачјето на општината, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите кои влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.