Простории има, но не и службеници за да профункционираат. Општина Ново Село поднела барање до надлежните министерства да се отворат подрачните канцеларии на министерставта за земјодество и труд и социјална политика. Градоначалникот Божинов, вели дека тие се важни за граѓаните на оваа општина бидејќи понекогаш двапати се враќаат во ист ден за да ги завршат потребните обврски во Струмица, што за нив преставува пат од околу 60 до 70 километри само во еден правец.
Канцеларијата за земјоделство, шумарство и водостопантво изминатите години повремено се отвораше особено кога има повеќе гужви околу поднесување докумети за субвенционирање на земјоделците. Канцеларијата на министерството за земјоделство е отворена пред речиси девет години, но не работи постојано.
Инаку, за Божинов проблем беше и тоа што нема дежурен лекар во општината, па реагираше до Здравствен дом Струмица со барање да се постави дежурна екипа, за граѓаните да имаат навремена здравствена услуга.