• Sat. Nov 23rd, 2024

Ново поскапување на бензините

Ново поскапување на бензините. Регулаторната комисијата за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Цените на бензините повторно се зголемуваат. Додека дизелот ќе се продава по досегашната цена.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат трета недела по ред. Од полноќ ќе бидат поскапи за половина денар по литар.

Така, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 66 денари, додека цената на еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар.

Цените на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како пред една недела.

Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 56 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за кгилограм и ќе изнесува 35,843 ден/кг.

„Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%“, објаснуваат од Регулаторна комисија во соопштението за одлуката за новите неделни цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *