Од Здруженијата велат дека ова е избрзана мерка која треба во наредниот период добро да се анализира за да се обучат и тутунарите и проценителите се со цел правилна проценка на тутунот.
Новите класи за проценка на тутунот прават забуни при откупот. Ова е оцеката на здруженијата на тутунари кои велат дека почетокот на откупот се карактеризира со незадовослтво кај тутунарите. Сметаат дека треба едукација и обука а да се надминат недоразбирања.
Годинава се очекува од струмичкиот регион да бидат откупени максимално околу 2.100 тони тутун. Квалитетот е на просечно ниво, иако имаше сушна година. Очекувањата се навремено купување и исплата на тутунот од страна на откупните компании вели Андонов.