Нови специјализирани контејнери и садови за отпад ќе се поставуваат во Општина Струмица. Општината во соработка со НУЛА ОТПАД ДОО Скопје договори поставување на 12 контејнери за мала отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и 25 садови за отпадни батерии. Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својата фан страна на фејсбук најави започнување на уште еден процес за намалување на отпадот во Општина Струмица.