Државниот завод за статистика објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.
Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23,8 проценти се неженети/ немажени, 65,3 отсто се мажени /женети, 7.2 проценти се вдовци / вдовици и 1,6 отсто се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.
Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 проценти живеат во брачна заедница, а 1,6 отсто во вонбрачна заедница.
81,1 процент од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7 отсто дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.
Според местото на раѓање, 90 проценти од вкупното резидентно население се родени во Македонија.