• Fri. Nov 22nd, 2024

Нови мерки во Грција

Во Грција од денеска стапуваат нови правила, а се однесуваат на ограничувања во работењето на кафулињата, баровите и ноќните клубови.

Поради ширењето на коронавирусот, грчките власти неделава вратија дел од ограничувачките мерки за рестораните, ноќните клубови и кафулињата. Правилата важат од денес и тие забрануваат служење гости што стојат.

Здравствените работници се загрижени за неодамнешното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус и појавата на делта-сојот.

Во вторникот имало 1.797 новоинфицирани, што е двојно повеќе од претходниот ден.

Властите објавија дека голем дел од новите случаи се млади луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *