Деновиве во центарот на Радовиш како што и најави градоначалникот Ацо Ристов- се поставени повеке новогдишни елки откако првопставената изминатиот викенд беше демонтирана. Центарот повторно блесна во новогодишен декор а паралелно се одржува и новогодишен фестивал ,, Светол град”
Инаку изминатиот викенд беше демонтирана елката од центарот на градот откако градоначалникот не се согласил за сумата за новогодишното украсување побарана од фирмата која не ја објави. Тогаш градоначалникот Ристов кажа дека во Радовиш ќе бидат поставени пет елки со соодветен декор за што општината нема да потроши ниту денар