Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети.
Според оваа најнова одлука, дизелот од денес се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 89 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 денари.