Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,360 денар/кг и сега ќе изнесува 40,593 денари/кг.
Од 27.12.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 79,50 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 40,593 (денари/килограм)