• Fri. Nov 22nd, 2024

Од полноќ нови цени на горивата – Регулаторна го објави ценовникот

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за  96,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува и останува 93 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,072 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, кој сега ќе чини  49,995 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *