• Fri. Nov 22nd, 2024

Новак откри зошто заплака на Вимблдон

Големата седма победа на Вимблдон Новак Ѓоковиќ ја прослави во солзи. За момент тој заплака во неговиот пешкир на Централниот терен, пренесува Мондо. Подоцна, тој се отвори пред новинарите.

–Искусив многу вакви моменти во мојата кариера и навистина сум почестен поради тоа, но овој трофеј во година кога го доживеав она што го доживеав во Австралија… Сè ми се акумулираше кога седнав. Почувствував огромно олеснување, бидејќи бев под постојана напнатост и стрес какви што не сум доживеал во животот. Не само она што го доживеав во Австралија, туку и она што ме следеше во врска со тоа – рече Ѓоковиќ во интервју за „Спортклуб“ по натпреварот.

https://twitter.com/tanyadiors/status/1546167711490748417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546167711490748417%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fnovak-otkri-zosht-zaplaka-na-vimbldon-s-mi-se-nassobra-vakov-stres-ne-sum-dozhiveal%2F

Реакциите на луѓето му биле најтешки.

И коментарите и провокациите на луѓето ме следат до ден-денес. Тоа е нешто со кое претходно немав можност да се сретнам, не знаев како да се справам со тоа. Се трудам да го правам она што ме става во состојба на хармонија, но сам човек, нешто што е поврзано со неправда не може само да не ме испровоцира.Многу грди навреди и медиуми кои постојано ме враќаат на тоа. Тоа е веќе некое време зад мене, дека ова е некоја емотивна тежина што ја носам зад себе, особено со оваа победа  – додава тенискиот ас.

Инаку, по финалето поединци бараа Новак да ја врати заработката од Вимблдон. Додека Јелена Ѓоковиќ мораше на Твитер да му одговори на американскиот новинар Бен Ротенберг во врска со антиваксерските ставови на Ѓоковиќ и фактот дека веројатно не е вакцинира, Џон Мекинро побара од американските власти да овозможат тенисерот да учествува на Ју Ес Опен.

извор: инфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *