Нова ѕвезда на Пандев на струмичкиот плоштад Гоце Делчев.
Плоштадот „Гоце Делчев“ од денеска повторно. Нова ѕвезда на Пандев го краси ѕвездата на нашата фудбалска легенда Горан Пандев.
На местото каде што беше украдена во ноември 2018 година, е поставена нова ѕвезда на мермерна плоча.
Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година. Таа беше симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“. Истата година во која се реконструираше и струмичкиот плоштад.
„Веруваме дека овој пат, ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад, ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на неговите успеси со коишто ја промовира нашата општина и нашата држава“, велат од општина Струмица.
Горан Пандев (р. 27 јули 1983г.)— македонски напаѓач, напаѓач на Џенова и на македонската репрезентација, на која е моментален капитен. Тој исто така е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.
Роден на 27 јули 1983 во Струмица, тој е еден од најдобрите фудбалери во Македонија. Пандев е двапати избран за најдобар спортист на Македонија: во 2007 година, во изборот на весникот „Дневник“, и во 2010 година, во изборот на весниците „Дневник“ и „Нова Македонија“.
Тој има 4 години помлад брат Сашко, кој е исто така фудбалер. Во 2009 година Горан се ожени со својата сопруга Надица со која имаат три деца: Филипо, Ана и Софија.
Во 2010 година, во својата родна Струмица го основал клубот Академија Пандев, првично само како младинска академија, а потоа и сениорски тим во 2014 година. Неговиот клуб од 2017 година се натпреварува во Првата лига на Македонија, највисоката фудбалска лига во македонскиот фудбал, а во 2019 година дебитира во Лига Европа.
На 25 февруари 2019, на Пандев му било издадено италијанско државјнаство.