• Fri. Nov 22nd, 2024

Нов протест на „Култура или фис-култура“

Уште еден протест на струмичките актери и активистите на „Култура или фис-култура“. Денеска со транспаренти на кои пишува „Свирни за поддршка“ побараа поддршка од возачите на булеварот Маршал Тито. Протестот беше на кружниот тек на Маршал Тито со улицата Младинска.

Актерите не се откажуваат од нивната битка за спорд нив несоодветниот избор на директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Тие сметаат дека изборот на Васил Бубев на оваа позиција е политички мотивирана и дека тој нема соодветно искуство и компетенции да ја раководи институцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *