• Fri. Nov 22nd, 2024

Нов претседател на Чиле, 35 годишниот Бориќ

Габриел Бориќ, левичарски милениумец кој се прослави за време на антивладините протести е избран за иден претседател на Чиле на вчерашните избори.

„Климатските промени, драги сонародници, не се изум. Тие се тука и имаат директни ефекти врз нашите животи и животите на идните генерации. Не случајно младите луѓе во светот го кренаа својот глас“, им порача на насобраните поддржувачи по изборната победа.

Со 56 насто од гласовите, Бориќ лесно го порази со повеќе од 10 поени пратеникот Хозе Антонио Каст, кој неуспешно се обиде да ги исплаши гласачите дека неговиот неискусен противник ќе стане марионета на неговите сојузници во Комунистичката партија на Чиле и ќе ја наруши фалената оценка на земјата како најстабилна и најнапредна економија во Латинска Америка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *