Дводневната посета на шефицата на бугарската дипломатија Генчовска е доволна основа за разговорите за надминување на спорот со Софија уште поинтензивно да продолжат во наредните денови, вели министерот Османи за Сител.
Сепак, тој не открива дали има напредок во разговорите, но вели дека атмосферата била конструктивна и двете страни јасно ги кажале своите позиции.
-Има доволна основа во наредните денови вои наредните денови уште поинтензивно да продолжиме и да ги формулираме овие размислувања во конкретни идеи кои што може да бидат дел од еден пакет за надминување на решението. И времето и квалитетот на решението се важни. За жал, времето е многу кратко, но квалитетот не смее да биде жртва на краткото време. Квалитетот треба да биде основа на одржливи односи и одржливо решение. Двете страни сме свесни за тоа. Се надевам дека овој конструктивен дух ќе продолжи и во наредните денови и ќе отвориме ново поглавје на односите со Република Бугарија, вели Османи.
Палењето на Центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола не влијаело на разговорите меѓу министрите на двете земји. Османи вели дека колку Скопје и Софија ќе бидат поблиску до решение, така и провокациите ќе се интензивираат.