• Fri. Nov 22nd, 2024

Нов Еразмус проект за СОУ „Никола Карев“

Мобилноста на учениците и професорите е исклучително важна за образовниот процес. Се прошируваат видиците, се зголемуваат знаењата и вештините. Ова е мислењето на наставниот кадар во Средното техничко училиште Никола Карев од Струмица, кое веќе петта година е дел од Еразмус проектите.

Директорот на училиштетот, професорот Зоран Петков, кој е и координатор на последниот проект, вели дека се мотивирани да работат и да  отвораат  нови хоризонти во образованието.

И професорката по стручни предмети Милица Поповска ги споделува позитивните искуства. Таа била со група ученици во Атина, во февруари 2020. Она што го научиле веќе има примена во работата и учењето.

И учениците кои биле дел од вакви проекти спооделија дел од искуствата и стекнатите знаења.

Целта на Еразмус е да се поддржи образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Но и зајакнување на формалното и неформалното образование како и зајакнување на врската помеѓу образованието и пазарот на трудот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *