• Sat. Nov 23rd, 2024

Носители на функции во Гевгелија се 33 мажи и 22 жени

Носители на функции во Гевгелија се 33 мажи и 22 жени. Ова се резултатите на родовата анализа спроведени во оваа општина.

Анализата е во рамите на проектот„Низ женски леќи“- покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост. Родовата анализа на лидерските позиции е спроведена од страна на Центарот за истражување и креирање политики.

Општина Гевгелија е првата општина од Југоисточниот регион во која се спроведе родовата анализа. За таа цел, изработен е графички приказ на податоците врз база на прибирањето податоци од официјалната веб-страна на Општината. Исто така и со поддршка од координаторката за еднакви можности во Општина Гевгелија. Изработката на графиконот е финаниски поддржана од Европската Унија.           

Подетално, во Општина Гевгелија, на лидерски позиции се поставени вкупно 33 мажи, а 22 жени. Од кои: функциите- градоначалник на општината и претседател на Советот ги извршуваат мажи, членови на Советот- 12 мажи, а 7 жени, раководители на Сектори и Одделенија- 8 жени и 3 мажи, претседатели на Урбани и месни заедници- 2 жени и 14- мажи, директор на градинка- жена, директори на основни училишта- 1 маж и 4 жени, координатор за еднакви можности- жена и координатор на Кризен штаб- маж.           

Истражувањето покажува дека од вкупниот број анализирани општини- 17, само две- Oпштина Македонска Каменица и Oпштина Старо Нагоричане се водени од жени. Од вкупно 17 општини, 15 од претседателите на Советите се мажи, а само Општина Шуто Оризари и Општина Липково на чело на Советите имаат назначено жени. Од вкупно 17 општини и 278 членови на Советите, 189 се мажи, а 89 се жени. Општина Вевчани е единствената од анализираните општини, во која Советот брои повеќе жени, односно 4 члена на Советот се мажи, а 5 жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *