Поетски слики со Мариета и пријателите. Вака се замислени „Ноќните усменија“, книжевен настан на кој ќе се читаат и ќе се разговара за стиховите од дебитантската ситхозбирка на струмичката поетеса.
За стихозбирката, рецензентката Сузана Мицева ќе рече:
„Песните од книгата „Усменија“ се токму такви какви што ни навестува насловот. Стихови што се кажуваат наизуст, што остануваат во потсвеста и понекогаш им се навраќаме како на свои усни забелешки. Болки што се кажуваат во кодови, а нивното разобличување е за секого индивидуално, лично расчленување на тагата и споделената несреќа“.
Настанот ќе се одржи во Пијано барот на Космополит, од 19.30 часот.