• Fri. Nov 22nd, 2024

Николоски: Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд и да дозволи почеток на преговори со ЕУ за Македонија

Најсилната европска институција за заштита на човековите права е под јурисдикција на Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права. Во Европскиот суд, десетици илјади граѓани од цела Европа бараат правда која не можат да ја најдат во домашните судови кога нивните основни човекови права, правото на слобода на говор, правото на здружување, правото на национална самоидентификација и правото на употреба на нивниот мајчин јазик е повредено, изјави Александар Николоски во своњто обраќање пред Европскиот суд.

Тој нагласи дека Македонците од Бугарија со децении се борат за овие права.

„ Тие отсекогаш живееле таму и сакаат да ги остварат своите национални, јазични и културни права, но за жал Бугарија одбива да го стори тоа. Одбива да ги регистрира своите здруженија преку кои сакаат да ги остварат своите права. Ќе се согласите дека ова е недемократски чин на земја членка на Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *