Денеска од 06:30 часот на регионалниот пат Струмица – село Костурино, во близина на „Македонска куќа“ поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, извести АМСМ.
На патот село Извор – село Иванчишта, поради одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец-Катланово (лево и десно коловоз), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.