• Fri. Nov 22nd, 2024

Независни советнички листа за борба против рудникот Иловица

Независни советнички листа за борба против рудникот Иловица. Ваква најава стигна од Здрава котлина. Најавуваат собирање потписи за независни листи во општините Струмица, Ново Село и Босилово, како и независен кандидат за градоначалник на општина Ново Село.

Во објавата на официјалната страница на здружението на фејсбук стои дека ќе почне собирање на потписи за независните листи доколку до 20 август конечно не се реши судбината на рудникот и се одземе и втората концесија за рудникот Иловица од концесионерот Еуромакс рисорсис. Според најавите на активистите, терминот за собирање потписи ќе биде 21 август, ден по дадениот рок за решавање на судбината на рудникот.

Здрава котлина пласира информации за наводен договор помеѓу политичките партии за отворање на рудникот после локалните избори. Според нив, двете политички партии имаат интерен договор Иловица да проработи и за него да нема меѓупартиски препукувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *